ЗА НАС

Персонал

СУЗАНА НАУМОСКА

НАТАЛИЈА НАУМОСКА

ПАВЛИНЧЕ ЈОВАНЧЕСКА

ИРЕНА ЛАЗЕСКА

АЉМИНА АЈДАР

ИВОНА ПЕРОСКА

ДИПЛОМИ, СЕРТИФИКАТИ И ПРИЗНАНИЈА

КНИГИ И СПИСАНИЈА

Flyers

Increasing Market Employability - IME

КОНФЕРЕНЦИИ

Изида е член на Кластерот

Изида на светскиот ден на жени претприемачи WED

Почетоци и општи информации

Трговското друштво за производство, трговија и услуги ДООЕЛ Изида е основано 1994 година со седиште на бул. Туристичка бр.44 Охрид. Основач на оваа компанија е Сузана Наумоска, дипломиран менаџер, лаборант, козметичар, естетичар. Компанијата започнува да работи со еден вработен и на изнајмен простор од 20 метри квадратни со капацитет на работење од еден клиент на час, а се нудеа околу десеттина козметички услуги. Првичниот мал козметички салон, прераснува во мини SPA центар со најсовремена IPL и IRF (ласерска и радиофреквентна технологија) и стручен тим на вработени, физиотерапевти, козметолози и естетичари, со палета од над сто понудени услуги и капацитет од 10 - 15 клиенти на час.
Изида следејќи ги најновите трендови и откритија на трендови во Љубљана, Белград, Париз, Ница, Болоња, се стекна со над триесет лиценци за работа и мајсторска диплома од "Занаетчиска комора", под покровителство на комората Кобленс.
Во последната деценија козметологијата прераснува во барана професија, за козметиката станува дел од современото живеење и севкупната туристичка понуда во регионот.
Изида е водена и мотивирана од девизата: "Човекот постигнува толкав успех, колку што очекува од самиот себе".

Усшешност и профилираност

Успешноста и профилираноста на изида се должи на:

  • Лојалност - не може да се купи, треба да се заслужи: верен клиент, богат влог за вашата иднина преку:
    • висок квалитет на понудени услуги и модернизирање на опрема
    • квалитетни апарати и препарати за работа
    • атрактивност на ентериерот за работа и контонуирани креативни промени
    • индивидуален и позитивен пристап
    • правилно информирање и советување
  • Следење на трендови и држење чекор со времето
  • Создавање на сопствен бренд
  • Добра организација на компанијата и менаџмент на тимот

Висок професионализам

Со Изида зачекорете во светот на професионалните третмани, чувствувајте се како потполно нова личност и потонете во вистинско уживање Искористете ги придобивките од долгогодишното искуство комбинирани со висока технологија и иновативните Wellness техники од потребите на вашата кожа и тело: слабеење, затегнување, релаксација... Блеснете со вашата природна убавина, бидете слободни и прашајте ги вашите Изида терапевти за совет или информација.